КОДЕКС

ЗОШТО КОДЕКС?

Кодексотот е изработен за да послужи како насока за однесување на сите оние кои на некој начин се инволвирани во изборните процеси (и референдуми) и кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Целта е повеќекратна:

  • – да се обезбеди интегритет на информациите за време на изборите и референдумите;
  • – да се обезбеди транспарентност на политичкото рекламирање и на неговото финансирање;
  • – да се гарантира приватноста и безбедноста на личните податоци на граѓаните на Интернет за време на изборните циклуси и референдум;
  • – да се спречи ширењето дезинформации (неточни, нецелосни, лажни или злонамерни информации), говор на омраза и дискриминација по која било основа;
  • – да се зајакне довербата на граѓаните преку обезбедување поволен амбиент и услови за почитување на законски загарантираните права и на слободата на изразување и информирање
  •  

КОЈ ГО ИЗРАБОТИ КОДЕКСОТ?

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми е изготвен на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија, Институтот за комуникациски студии, Фондацијата Метаморфозис, Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во процесот учествуваше и ОБСЕ/ОДИХР со својата експертиза.

НА КОГО СЕ ОДНЕСУВА КОДЕКСОТ?

Опфатот на Кодексот е на повеќе субјекти:

  • – политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати и нивното однесување во онлајн просторот (вклучително на социјалните мрежи), за време на изборните циклуси и референдуми;
  • – интернет изданијата (или поточно веб страниците) на радијата и телевзииите;
  • – онлајн медиумите (попознати како интернет портали);
  • – проверувачите на факти;
  • – инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Принципите и стандардите пропишани во Кодексот се од етичка природа, поради што неговото почитување е на доброволна основа, со потпишување Пристапница (тука е линкувана пристапницата) и тој не е замена за постоечките или за идни законски правила и прописи, но ќе служи како алатка којашто ги повикува на индивидуална одговорност субјектите на кои се однесува.

Од овие причини, се формира Координативно тело кое ќе го следи почитувањето на Кодексот, а граѓаните и сите заинтерсеирани страни ќе можат да поднесуваат претставки, на коишто навремено и соодветно ќе биде одговорено.

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми е достапен на следниот линк.