ЦЕЛИ
Координативното тело е формирано за да го следи однесувањето и постапувањето на Интернет на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, но и на оние кои не учествуваат директно во изборите или на референдум, но можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања (инфлуенсери, јутјубери и слично)
Истовремено, ќе бидат опфатени и онлајн медиумите (интернет портали), социјалните мрежи (Facebook), веб страните на радијата и телевизиите.
СОСТАВ
Координативното тело е составено од претставници на релевантни институции/организации со искуство, знаење и пракса на постапување во областа:
– Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Здружение на новинари на Македонија
– Македонски институт за медиуми
– Совет за етика во медиумите во Македонија
– Институт за комуникациски студии
– Фондација „Метаморфозис“
– Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер
НАЧИН НА РАБОТА
Телото ќе функционира наменски, што значи од денот на распишување на избори/референдум до нивно завршување.
Секој којшто смета дека не се испочитувани етичките начела и принципи пропишани во Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, може да поднесе претставка до Координативното тело.
За да се олесни поднесувањето претставка, изработен е посебен образец, достапен на овој линк
Откако ќе се пополни образецот, тој се доставува на оваа електронска адреса, (тука е линкувана адресата) по што ќе биде предмет на разгледување од страна на Координативното тело.
КАКО ОДЛУЧУВА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО?
Добиената претставка се проследува на разгледување и обработка на членката која е најсоодветна за тоа. На пример, ако поплаката се однесува на содржини кои се објавени во весниците и нивните електронски изданија, онлајн медиумите и интернет изданијата на радиодифузерите, претставката ја обработува Советот за етика во медиумите.
Доколку има сомнеж дека новинари ги прекршиле професионалните стандарди и етика при нивното известување, претставката ќе ја обработи Здружението на новинари – ЗНМ.
Ако пак, има евентуална појава на дезинформации во онлајн медиуми и социјалните мрежи, или од политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања, ќе постапува Фондацијата „Метаморфозис“.
Во случај кога е потребна поинаква експертиза или прашањето е целосно или делумно во надлежност на друга институција или тело, Координативното тело се обраќа до соодветната институција/организација.
Одговорот го разгледуваат сите членки и по гласањето (се одлучува со просто мнозинство), тој се смета за конечен.
ЧЛЕНКИ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО:
РЕЛЕВАНТНА ЛЕГИСЛАТИВА
– Кодекс на новинари на Здружението на медиуми на Македонија
– Насоки за етичко известување на онлајн медиумите на СЕММ
———————————————-
– Изборен закон
– Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Закон за медиуми и дополнувае на закон за медиуми
– Закон за заштита на лични податоци
– Закон за спречување дискриминација
– Европска конвенција за заштита на човекови права